Супер квота за Србија да ја победи Албанија, зголемени квоти има и на Грција, Холандија, Австрија, Данска…

Тенис, фудбал и кошарка може да се најде во денешната понуда на Супер тип во Sport Life. Вкупно четири тениски пресметки има на кои се зголемени квотите за победа на фаворитите и тие се движат од 1.48 до 1.60. Има само една кошарка и тоа е плејоф мечот меѓу Милано и Виртус Болоња, а за триумф на Милано, квотата е 1.43.

Од фудбалот, доминираат репрезентативните дуели, но има и мечеви кои се на клупски план. Србија за ја победи Албанија на гости е со квота од 2.36, а фаворитската улога на туѓ терен ја има и Холандија кај Финска и „двојката“ е зголемена на 1.38.

Од селекциите кои играат пред своите навивачи, зголемени квоти има за победи на Данска, Австрија и Грција. Во второлигашките конкуренции на Шпанија и Италија се играат мечеви и тука има зголемени квоти за победи на Алмерија против Овиедо, односно на Пескара во дуелот со Тернана.

- Оглас -

Најнови вести