Вардар од 2017 година ја нема победено Шкендија, супер квота има тоа да се случи денеска

По два месеци пауза, денеска продолжуваат возбуувањата во Прва фудбалска лига на Македонија. Уште во првото коло од 2025 година има неколку интересни дуели, а во фокусот ќе биде пресметката на арената „Тодор Проески“ меѓу Вардар и Шкендија.

Според изгледот на табелата, гостите од Тетово треба да се големи фаворити за победа, затоа што тие се борат за титулата, а Вардар е во опасната зона за испаѓање, но не треба да се заборави и фактот дека најтрофејниот клуб во Македонија донесе неколку нови фудбалери во зимскиот преоден рок и тие треба да бидат засилување.

И традицијата е на страна на Шкендија. Тетовци доминираат во последните 19 пресметки со Вардар и имаат 11 победи и осум нерешени без ниту еден пораз. Вардар последен пат славел над Шкендија во октомври 2017 година кога беше 4:2 на дуелот во Скопје.

Во останатите мечеви кои се играат во 19 коло, се среќаваат: Гостивар – Струга, Пелистер – Брера, Шкупи – Работнички, Силекс – Тиквеш и Воска – Беса.

- Оглас -

Најнови вести