15.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Супер меч во Италија – Мурињо полуде и доби црвен картон, Рома се врати од „мртвите“ (ФОТО)

Рома и Верона одиграа супер меч во Серија А во рамките од 26-то коло.

Тимот на Жозе Мурињо имаше негатива по 65 минути од 0:2, откако гостите од Верона поведоа со головите на Антонин Барак (5′) и Адриен Тамезе (20′), а дебаклот можеше да биде уште поголем бидејќи Верона поведе и со 0:3 во 33-та минута, но, голот беше поништен поради офсајд.

Во второто полувреме, Рома најпрвин намали со голот на Кристијан Волпато кој има 18 години, во 65-та минута, а до израмнувањето стигна преку Едуардо Бове (84′).

Жозе Мурињо во судиското продолжение доби црвен картон и мораше да биде истеран надвор од тренерската позиција на клупата.

- Оглас -

Најнови вести