Пред нас е богата вечер во НБА лигата со дури 13 натпревари, од кои два се посебно интересни.
Во Кливленд, непоразените Кавалирс (единствен тим без пораз сезонава) го пречекуваат лидерот на Западот, Голден Стејт вориорс, кој има само еден пораз. Овие ривали од 2015 до 2018 година играа меѓусебе во финалињата на плејофот, а потоа имаа пад, и сега повторно се при врвот, барем во моментов од оваа сезона.
Феникс санс предводен од Кевин Дурант, кој има шест победи по ред, седмата победа едноподруго ќе ја бара на гости кај Далас на Лука Дончиќ, па и таму се очекува голема борба.
Доколку планирате да се обложите на број на поени на играчи, тогаш тука е Sport Life со листа од дури 104 различни кошаркари на може да типувате колку поени ќе постигнат доцна вечерва.