Супернедела во новото коло на Спортска прогноза

Спортската прогноза на Sport Life и Спорт Манија дојде до своето 27-мо коло сезонава, од денеска до сабота може да типувате, а во нашиот избор од 13+2 пара ви нудиме можност да типувате на неколку дербија кои се играат в недела.

Сабота 16 часот е терминот до кој може да типувате. Тогаш стартуваат дуелите Борнмут – Кристал палас, Норвич – Саутхемптон и Њукасл – Шефилд jунајтед. Вечерта се Утрехт – Витесе и Селта – Вилјареал. Но, овие пет меча се само загревање за она вистинското што доаѓа в недела.

Серијата дербија стартува со пресметката на глазговските ривали Ренџерс и Селтик во 13 часот. Потоа се мечевите Бордо – Рен и Вест хем – Вулверхемптон, а попладневната понуда ја збогатуваат мечевите Атлетик Билбао – Атлетико Мадрид, Галатасарај – Бешикташ и Тотенхем – Манчестер јунајтед. Вечерта е резервирана за ново градско дерби, Севилја – Бетис.

Колото завршува в понеделник вечерта, кога Евертон ќе го пречека Ливерпул, во уште едно градско дерби во понудата на Спортска прогноза. Резервни двојки се Астон вила – Челзи и Ајнтрахт – Борусија Менхенгладбах. Важно е да ги погодите и нив бидејќи се бројат во Генералниот пласман.

Секое коло посебно типувате за прекрасен „ајфон“, кој ќе го добие мајсторот за Спортска прогноза што ќе ги погоди сите 13 двојки.

Sport Life ве наградува и за утки. Учесниците во Спортска прогноза што ќе погодат 12 пара, ќе добијат ваучери од по 1.000 денари, а за две утки има награден ваучер од 500 денари.

Во Генералниот пласман, води Христијан Т. со 185 поени, што е 13 поени предност пред најблиските конкуренти Петре И. и Славе Б.

Наградата за шампионот е ТВ Смарт од 48 инчи, а следните четворица најдоброрангирани ќе добијат многу поени за одличен шопниг со СЛ Маркетот на Sport Life.

Типувањето може да почне:

 

- Оглас -

Најнови вести