Супер нокаут кој ретко се гледа, противникот падна како свеќа (Видео)

Рускиот борец Лом Али Налгиев ја одбележа вечерта на настанот „АЦА 111“ (Апсолутен шампионат на Ахмат) во ултимејт фајт, откако со спектакуларен нокаут го кутна својот сонародник Иманали Гамзатханов. Налгиев го среди својот ривал со потег кој не се гледа често во октагоните.

Тој беше во дефанзива, легнат на земја, но виде дека Гамзатханов има спуштен гард, и благодарение на брзата реакција и силен удар со пета во брадата на противникот, не само што се одбрани, туку успеа од загубена да се најде во добиена ситуација.

Гамзатханов кој дотогаш беше доминантен, откако го прими удар падна како свеќа и тука беше крајот на борбата.

Погледнете како 29-годишниот Наглиев го нокаутираше две години постариот сонародник:

- Оглас -

Најнови вести