Бока јуниорс – Расинг клуб (Фудбал, Аргентина, 02.10 часот)
Овој меч е идеална генерална проба за Бока пред битката со Ривер. Расинг има четири победи и нерешено во последните пет кола, ќе се обиде да изненади на Ла Бомбониера, а надежта им е дека лидерот на табелата ќе се чува за дуелот од Копа Либертадорес, кога ќе брка негатива од 0-2. Бока во девет кола има примено само еден гол, но тимот и не е многу ефикасен, има постигнато скромни 10 гола. Од друга страна, традицијата најавува дека ќе има доста голови.
Предлог тип: 1Х & 2+ (1.92)
Арсенал Саранди – Ривер плејт (Фудбал, Аргентина, 00.00 часот)
Арсенал е тим кој нема ниту еден нерешен резулат сезонава, а против Ривер би биле задоволни и со реми. Ривер е најефикасен тим во Аргентина со просек од над два гола по меч. Гостите ќе се чуваат и за дуелот од Копа Либертадорес со Бока, но не смеат ни да си дозволат кикс, бидејќи имаат четири бода помалку од Бока, па не би смееле да заостанат уште повеќе во оваа фаза од сезоната. Последните четири гостувања на Ривер кај Арсенал беа со три или повеќе голови.
Предлог тип: Т2 2+ (2.03)
Флорида пантерс – Колорадо авеланч (Хокеј, НХЛ лига, 01.00 часот)
Флорида во просек прима по 4 гола на натпревар, а Колорадо дава по четири голови во просек. Лавината тргна силно сезонава, но два од последните три меча играа продолжение, и веќе имаат и еден пораз. Тимовите се комплетни, немаат повредени играчи. Авеланч победи на последните две гостувања на Флорида, а според традицијата, би требало да биде ефикасен меч со повеќе од пет голови.
Предлог тип: >5.50 (1.55)
Анахајм дакс – Каролина харикенс (Хокеј, НХЛ лига, 04.00 часот)
Патките се трети на Западот со пет победи и два порази. Каролина е втора на Истокот, па овој меч е едно од дербијата на вечерта во НХЛ. Ураганите имаат шест победи сезонава, но три им беа со златен гол во продолжение. На домашен терен, Анахајм има низа од девет победи едноподруго. На последните три дуели на овие тимови во Анахајм, има три различни исходи, затоа и квотите се прилично изедначени.
Предлог тип: >5.50 (1.95)
Њујорк јенкис – Хјустон астрос (Бејзбол, МЛБ плејоф, 01.08 часот)
Њујорк е притиснат до ѕид, му фали уште еден пораз за елиминација. Хјустон има низа од три победи по ред против Јенкис, синоќа ја замолкна публиката на Јенки стадионот, и ако слави и вечерва, ќе влезе во големото финале во кое ги чека Вашингтон нешенелс. Њујорк ќе проба да се извлече, но тешко ќе оди. Астрос се во налет, а квотите повторно го фаворизираат домашниот тим, кој веруваме дека ќе најде сили и мотиви да ја продолжи серијата.
Предлог тип: 1 (1.75)