Супер последно коло во Премиер лигата, пет тима се борат за три слободни места во ЛШ

Последното коло сезонава во ангписката Премиер лигата ќе биде исполнето со драма, иако веќе се знаа првакот и кои три тима испаѓаат.

Возбудата е резервирана за битката за места во европските купови и индивидуалните награди.

Сите натпревари се играат во исто време и ќе започнат во 17 часот. Првакот Ливерпул, второпласираниот Арсенал и Тотенхем (како победник на Лига Европа) веќе обезбедија место во Лигата на шампионите следната сезона, а остануваат уште три слободни места за кои се борат Манчестер сити, Њукасл, Челзи, Астон Вила и Нотингем форест, кои ги делат само три бода.

Граѓаните имаат предност од два бода и добра гол-разлика, па и нерешен резултат против Фулам би им бил доволен за да бидат во топ 5. Њукасл и Челзи исто така ќе обезбедат место меѓу првите 5 со победи, додека Вила и Форест ќе чекаат и позитивни исходи на другите мечеви на нивните конкуренти.

Најинтересно ќе биде во Нотингем каде постои сценариото според кое со победа на Шумарите, може двата тима да останат без место во ЛШ.

Не е сеедно и кој ќе биде осми, осмото место може води во Конференциската лига ако Челзи го победи Бетис во ова натпреварување.

Само Ливерпул (1-во место), Евертон (13-то место) и Саутхемптон (20-то место) не можат да ги променат своите позиции на табелата во последното коло.

Ако не се случи некое невидено чудо, Мохамед Салах од Ливерпул ќе биде прв стрелец, а на Фараонот му требаат три гола за да се изедначи со Килијан Мбапе и да ја поделат „Златната копачка“ на Европа.

- Оглас -

Најнови вести