Супер потег на Манџукиќ, навивачите на Милан се воодушевени

Марио Манџукиќ со супер потег ги воодушеви и навивачите на Милан и сите во таборот на Росонерите, кои чинот на откажување од месечната плата на фудбалерот го коментираат како акт од висока класа.

Манџукиќ им соопштил во клубот дека не сака да ја прими платата за минатиот месец, поради тоа што не играше и беше повреден.

„Исклучителен гест на голем спортист и фудбалер. Ова е вистинска демонстрација на професионализам и етички норми“, изјави претседателот на Милан, Паоло Скарони.

И навивачите реагираа воодушевено по гестот на популарниот Манџа.

„Браво Манџукиќ. Потег на вистински џентлмен е да се откажеш од платата за март. Треба да му аплаудираме, можеше ладнокрвно да се појави на клупската каса и никој немаше ништо да му забележи“, е еден од многуте коментари, по објавувањето на олс0тар потегот на Манџукиќ.

Раководството на Милан одлучи платата од која се откажа Манџукиќ да ја донира во Фондацијата Милан за помош на социјално загрозени категории на луѓе.

 

- Оглас -

Најнови вести