16.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Супер пресврт на Фенербахче, Елмас не игра

Елиф Елмас не доби шанса да игра за Фенербахче во мошне важниот меч против Сиваспор, а турскиот гигант со пресврт во финишот успеа да освои златни бодови во битката за опстанок.

Хурмачи најави изненадување на „Шукру Сарачоглу“ со водечки погодок во 73. минута, но домаќините брзо се вратија од шокот и со гол на Солдадо следната минута израмнија на 1:1.

Екичи со погодок во 86. минута му донесе триумф на Фенербахче, екипа што се искачи на 13. позиција со 31 бод и сега со многу повеќе елан ќе го очекуваат продолжението на првенството.

- Оглас -

Најнови вести