НФЛ ѕвезда со големо срце: Донираше 750.000 долари за сиромашните семејства

Том Брејди е ѕвезда на американскиот спорт. Најпопуларниот НФЛ-играч во вистинско време се вклучи во борба против Коронавирусот. Брејди заедно со својата сопруга, бразилскиот супермодел Жизел Бундхен, донираа 750.000 долари за храна на најсиромашните семејства во градот Тампа.

Брејди цели 20 години играше за Њу Ингланд патриотс, но непосредно пред почетокот на пандемијата со Коронавирусот, се пресели во Тамп, откако потпиша договор со НФЛ-клубот од овој град. Овој потпис се покажува како вистински момент за оние кои се социјално најранливи затоа што Брејди сега ќе им помогне.

„Сакаме да им се заблагодариме на Том Брејди и неговата сопруга Жизел за донацијата од 750.000 долари, која ќе овозможи многу оброци за децата и семејствата на кои тоа им е најпотребно во овие моменти“, се вели во објавата на организацијата „Да ја нахраниме Тампа Беј“.

Оваа хуманитарна организација обезбедува храна за повеќе од 600.000 гладни во регионот.

- Оглас -

Најнови вести