Супер-старт за Санто во Тотенхем: Португалецот е најдобар менаџер во ПЛ за август

Нуно Еспирито Санто е избран за менаџер на месец август во Премиер лигата, откако тимот од Северен Лондон под негово водство освои максимални девет бода во три меча и стои на врвот на табелата.

Португалскиот стратег прилично брзо се навикна на работата како предводник на Петлите, ова признание е доказ кое го освои уште во првиот месец откако стартуваше сезоната 2021/22 во англиското првенство. Претходно како менаџер на Вулверхемптон трипати беше прогласен за најдобар стратег, во септември 2018 година, односно во јуни и октомври 2020 година.

Тотенхем со трите идентични победи со 1-0 против Норвич, Ватфорд и шампионот Манчестер сити во премиерното коло, е единствен тим со перфектен учинок по три натпревари и засега е го држи првото место на табелата. Во обид да го задржат победничкиот ритам, избраниците на Санто утре гостуваат кај Кристал палас во малото лондонско дерби кое ќе се одигра во рамките од четвртото коло.

- Оглас -

Најнови вести