Супер тип: Џокери има многу, тенискиот Џокер е најголем фаворит (Фото)

Супер типот на Sport Life и денеска е интересен микс од 16 натпревари во неколку спортови, џокери има многу, а најголем фаворит е токму тенисерот со прекар Џокер.

Новак Ѓоковиќ денеска од 21 часот ќе игра во полуфиналето на завршниот АТП турнир против Александар Зверев и коефициентот за негова победа е 1.45 во Супер типот на Sport Life.

Помала квота има само на ракометниот дуел во Бундеслигата меѓу Хановер и Фленсбург, а за триумф на гостите понудата е 1.40.

Интересни се и двојките на двата привлечни фудбалски дуели во Англија меѓу Лестер и Челзи и во Бундеслигата меѓу Хофенхајм и Лајпциг.

За победи на гостите квотата е засилена во однос на таа во билтенот и е иста, 1.88 за успех и на Челзи и на Лајпциг.

Изборот е ваш, понудата е топ и почнува од 13.30 часот, па се до полноќ, период во кој има натпревари со специјални коефициенти во Супер типот на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести