Супер тип-понудата најавува пораз на кошаркарскиот европски првак

Дневната Супер тип-понуда на Sport Life за денес е наменета за кошарка, во која може да се најдат зголемени коефициенти на натпреварите од Ф4 турнирот во Евролигата, како и мајсторката меѓу Црвена ѕвезда и Будуќност во финалната серија од АБА лигата.

Според квотите, се најавува пораз на актуелниот европски првак ЦСКА Москва, која патот до финалето ќе го бара преку Анадолу ефес. Квотата за „двојка“, односно победа на турскиот гигант изнесува 1.58, додека во второто полуфинале шансите припаднаа на Барселона која ќе го брани „кецот“ од 1.48 против Армани Милано.

Мегапресметката во НБА лигата меѓу Бостон и Бруклин исто така се најде во понудата, во кој според квотата од 1.47 се најавува трета победа на Нетси во оваа серија.

- Оглас -

Најнови вести