Денешниот Супер тип има стандардно 16 натпревари со специјално зголемени квоти само во два спорта, фудбал и хокеј на мраз, а вам ви останува да го одберете вашиот фаворит со зголемен коефициент.
Понудата започнува со фудбал и дуелот од мароканскиот шампионат меѓу Рабат и Танжер, кој ќе се игра на неутрален терен.
Во понудата доминира фудбалот и зголемена квота има и за победа на АЕК против Пансераикос, за Баер против Бохум, за Манчестер јунајтед против Нотингам форест, за Барселона против Реал Сосиедад, за Борусија против Мајнц, за Феенорд против НАК, за Утрехт против Екселсиор.
Секако, кај фудбалот не мора да се типува на конечен тип, тука се уште четири други игри со одлични квоти.
Понудата завршува со мечеви во хокеј на мраз, и тоа од НХЛ-лигата, каде што победи се очекуваат на Едмонтон против Колумбус, на Сиетл против Ванкувер, како и за Торонто против Њујорк.
Според правилата, може да се игра само еден натпревар од Супер тип понудата и не може да се игра сингл, туку мора да се одигра најмалку со три натпревари од редовната понуда со коефициент поголем или еднаков на 1.25.