Супер типот на Sport Life денеска е според формулата 8+8 и рамноправно се распределени по 8 тениски и фудбалски дуели, сите со специјални коефициенти.
На Отвореното првенство на САД во Њујорк во тек е првото коло и се игра врвен тенис, што е добра шанса да се искомбинира добитен тикет, со џокер од специјалната понуда со Супер типот на Sport Life.
И покрај поскромната понуда на фудбалски натпревари, во очекување на квалификациските натпревари за пласман на Мундијалот во Катар, сепак има солиден избор од пониските лиги во Англија, Велс и Шведска.