29.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Супер тип за сечиј вкус – Џокери има во фудбал, тенис, хокеј на мраз, кошарка и ракомет (Фото)

Супер типот на Sport Life денеска е со издание за сечиј вкус, а миксот од 16 натпревари со зголемени квоти е составен од различни спортови.

Има и фудбал, тенис, кошарка, ракомет, а веќе почнаа и натпреварите во дел од хокеарските лиги во Европа. Во фокусот се двете полуфиналиња во женска конкуренција на Отвореното првенство на САД во Њујорк, а веќе е јасно дека една од четирите тенисерки што играат во завршницата ќе освои прва гренслем-титула.

Арина Сабаленка е топ-фаворит, а за победа против сензационалната Канаѓанка Лејла Фернадес квотата во Супер типот е 1.41.

Многу интересно ќе биде и во второто полуфинале, а Марија Сакари е благ фаворит против Ема Радукану. Грчката тенисерка игра импресивно во Њујорк, а не заостанува ниту 18-годишната тинејџерка Радукану, која сè уште нема загубено сет, а може да биде единствената шампионка во ерата на Отворените првенства на САД што освоила титула, а го почнала турнирот со настап во квалификациите.

Интересни се и дуелите во јужноамериканските квалификации за настап на Светското првенство во Катар. Во понудата на Sport Life со Супер квоти на денот има четири натпревари и на сите може да се одбере една од петте понудени варијанти.

Парагвај е фаворит против Венецуела, Уругвај и Еквадор ќе бијат неизвесна битка за бодови, како и Колумбија и Чиле во дербито. Бразил е апсолутен фаворит против Перу, а изборот е голем во Супер типот на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести