Денешниот Супер тип е 100 отсто фудбалски, сите 16 натпревари со специјално зголемени квоти се од најважната споредна работа на светот, а квотите за конечен тип се движат од 1.47 до 2.25.
Во Супер типот на Sport Life се наоѓаат големите фаворити од кои се очекуваат победи. Најмала е квотата за триумф на Бенфика над Визела и изнесува 1.47, а зголемени квоти има и за победи на Борусија Дортмунд над Хофенхајм (1.92), на Лајпциг над Ајнтрахт (1.80), на Арсенал над Лестер (1.82), на Лион над Анже (1.88), на Наполи над Емполи (1.57).
Денеска се играат две големи градски дерби пресметки и за нив има специјални квоти. Во Шпанија се игра дербито за Мадрид меѓу Реал и Атлетико на кој Кралевите се фаворити. Во Грција пак, Олимпијакос го пречекува Панатинаикос.
Според правилата, може да се игра само еден натпревар од Супер тип понудата и не може да се игра сингл, туку мора да се одигра најмалку со три натпревари од редовната понуда со коефициент поголем или еднаков на 1.25.