Денешниот Супер тип стандардно има 16 натпревари од три спорта со специјално зголемени квоти. Фудбалот е застапен со седум натпревари, пет меча се кошаркарски и четири тениски, и тоа од мастерсот во Мајами.
Денешниот Супер тип започнува со дуелот на македонската репрезентација до 19 години против врсниците од Украина, кој се игра во рамките на квалификациите за ЕП. Фаворитската улога ја имаат Украинците и зголемената квота за победа изнесува 1.83. Овој меч започнува во 14 часот, а Супер типот исто така завршува со фудбал и тоа со дуелот од аргентинскиот Лига куп меѓу Атлетико Тукуман и Дефенсорес Белграно.
Тенисот е рамномерно застапен, има по два меча во женска и машка конкуренција од мастерсот во Мајами. Петра Мартиќ ги има квотите на своја страна против Лиу Клер, како и Даниел Колинс во дуелот со Пера. Кај мажите специјално зголемени квоти има за триумфи на Миомир Кецмановиќ над Јунченг и на Мартон Фучович над Пурсел.
Има и пет кошаркарски меча, четири се од Евролигата и еден од Лигата на шампионите на ФИБА. Специјално зголемени квоти има за победи на Фенербахче, Монако, Панатинаикос и Валенсија во Евролигата, како и на Дижон во Лигата на шампионите.