Прекрасна вест за Барселона и Ернесто Валверде, Лионел Меси е фит за утрешното гостување кај Борусија Дортмунд (21 часот). Аргентинецот е вклучен во составот од 22-ца фудбалери кои ќе конкурираат за настап во првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите.
Откако мегаѕвездата на Барса и денес тренираше со тимот, доби зелено светло од клупските лекари за настап и по паузата од шест недели, повторно ќе може да се појави на фудбалските терени. Меси се здоби со повреда на 5 август, набрзо откако му заврши летниот одмор, по што ги пропушти првите четири кола од Ла Лига во кои Барселона запиша две победи и по еден пораз и реми.
Покрај Меси, во составот се врати и резервниот голман Нето, па и тој ќе патува за Германија во пресрет на премиерата на новата сезона во најелитната европска лига.
Messi está de vuelta .!!!Entra en la convocatoria para Dortmund . Viajan 22 jugadores. Habrá 4 descartes pic.twitter.com/oNmh7x6Ax1
— Alfredo Martínez (@Alfremartinezz) September 16, 2019