Суперзамената на Ајнтрахт: Влезе во игра и по само 17 секунди постигна гол

Ајнтрахт Франкфурт го нанижа вториот триумф по рестартирањето на сезоната во Бундеслигата со убедливи 3-0 на гостувањето кај Вердер во Бремен. Орлите му нанесоа нови проблеми на тимот кој се бори за опстанок во германската елита, а трите бода ги осигурија благодарение на суперзамената Штефан Илсанкер.

При водство од 1-0 во 81-вата минута за гостите во игра влезе искусниот австриски играч за врска, па уште при првиот допир на топката зголеми на 2-0, а во истекот на последната минута од регуларните 90, Илсанкер го запечати триумфот на гостите.

Австриецот инаку постави рекорд во Бундеслигата за најбрзо постигнат гол во историјата како замена, му беа потребни само 17 секунди по неговото влегување во игра.

Со овој меч се комплетираше 29-тото коло во Бундеслигата, Ајнтрахт со 35 бода стои на 11-тото место, додека Вердер е претпоследен со 25 бода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести