Нема поголем спортски настан од тоа што ноќеска треба да се случи на стадионот „Левис“ во Санта Моника во Калифорнија. Супер бол е настанот кој е најскап телевизиски пренос, а на теренот излегуваат двете најдобри екипи во американски фудбал, популарнот НФЛ.
Вечерва во битка за големиот трофеј ќе бидат Њу ингланд патриотс и Сиетл Сихокс. Според сите стручњаци, екипата на Сиетл е голем фаворит за победа.
Сепак, низи историјата, тимот на Њу Ингланд е најтрофејниот во НФЛ и има шест титули, додека пет пати бил поразуван во финалето. За овој клуб сега следува 12-тото финале. За разлика од Њу Ингалнд, сиетл сихокс досега има три финалиња и една титула освоена во 2013 година, додека губела во 2005 и 2014 година.


