Супербоулот ќе се игра на суперстадион кој личи на вселенски брод (Видео)

Додека играчите на Њу Ингланд патриотс и Лос Анџелес рамс се борат за титулата во НФЛ лигата во американски фудбал (мечот почнува вечерва во 00.30 часот по македонско време), уште поголемо уживање ќе има публиката која ќе се најде на „Мерцедес Бенз“ стадионот во Атланта. Супербоулот е најпопуларниот спортски настан во САД, па не случајно беше избран стадионот во Атланта кој е еден од најмодерните на светот.

Модерната архитектура доминира, а 70 илјади фанови ќе уживаат во спектаклот на стадионот кој беше отворен пред една и пол година.

Покривот не само што се затвора, туку осумте панели од по 500 тона се движат кон центар пред да се спојат и да го комплетираат затворањето. Покривот се отвора и затвора за 8 минути, а и за време на Супербоулот, ќе биде покриено, па мечот ќе се игра како во огромна сала.

Стадионот има и огромен видео ѕид од 360 степени, всушност тоа е монитор од 63.000 квадратни метри, а бидејќи е во овална форма, ако го исправите, ќе биде повисок од ајфеловата кула. Храната која се продава на стадионот е вкусна, но и ефтина како тамошни услови. Лесно можеш да се најадеш за помалку од 9-10 долари, а на секој од 15-те штанда, за 2 долара ќе добиете чаша со пијалок.

На сите 70.000 навивачи им се гарантира безжична интернет врска, а струјата се добива со над 4.000 панели на сончева енергија. Водата од дождовите се собира во цистерни и потоа се користи за наводнување на тревата. Клубот кој игра таму е Атланта фалконс (соколи), а огромна статуа на сокол стои пред стадионот.

Овој неверојатен стадион чини 1,6 милијарди долари.

Дали вредат парите, кажуваат снимките:

https://twitter.com/i/status/890626381276733440

- Оглас -

Најнови вести