Супербоулот на 13 февруари ќе биде спектакуларен и историски!

Екипите на Канзас Сити чифс и Филаделфија иглс, ќе играат во финалето на плејофот во НФЛ лигата, популарниот Супербоул.

Супербоулот 57 ќе биде вистински спектакл бидејќи на 13 февруари на стадионот во Глендејл (предградие на Феникс) ќе играат двата тима кои беа први носители во своите конференции. Освен тоа, ќе се испише и историја, за првпат на еден Супербоул ќе играат два тима чии стартни квотербекови се црнци (Хртс од Иглс и Махоумс од Чифс).

Дополнителен зачин на овој меч ќе му даде што еден против друг ќе играат браќата Тревис и Џејсон Келси, а дуелот ќе биде посебен и за тренерот Енди Рид, кој 14 години ги водеше Орлите од Филаделфија, додека во последните десет сезони е на чело на Шефовите од Канзас сити.

Учесниците на Супербоулот имаа различен пат до Супербоулот. Синоќа Канзас сити во драматична завршница беше подобар од Синсинати со 23-20, а Филаделфија на убедлив начин го доби конференциското финале против Сан Франциско со 31-7.

- Оглас -

Најнови вести