Супердерби ве очекува на рестартот на Спортска прогноза!

Со враќање на поголем дел од фудбалските првенства во Европа, камбек дочека и популарната игра Спортска прогноза на Sport Life, играта во која нема што да загубите, но може да добиете вредни подароци, во зависност од тоа колку погодоци ќе имате во тековното коло.

Правилата за игра се едноставни. Потребно е само да имате картичка и да бидете дел од СЛ клубот. Со вашиот акаунт на Sport Life ќе имате пристап до понудените 13 мечеви за овој викенд. Досега поминаа 27 кола, во кои беа доделени голем број ваучери од по 500 и 1.000 денари, но главната премија мобилен телефон IPhone XS уште го чека својот нов сопственик.

Што треба за да се добие популарниот мобилен телефон? Во тековното коло треба да ги погодите типовите на сите 13 понудени натпревари, односно да имате Среќна 13-ка. Ако имате само еден утнат тип, тогаш ќе добиете вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека со 11 погодени средби, вредносниот ваучер изнесува 500 денари.

На првото коло по паузата поради корона-вирусот има мечеви од повеќе првенства, а колото ќе започне со дербито во Германија, во кое Баер Леверкузен ќе биде домаќин на шампионот Баерн Минехн. Баварскиот гигант е единствен кој победи на сите четири меча по продолжување на сезоната и сега со евентуален триумф кај Фармацевтите, речиси е сигурно освојување на титулата.

Дури осум од вкупно 13 дуели (без резервите) се закажани за во недела, а дерби има и за последниот ден од неделата. П’лзењ гостува кај лидерот и актуелен чешки првак Славија Прага, дуел кој исто така се окарактеризира како дерби, иако разликата во бодови меѓу двете екипи е дури осум по 26 првенствени меча. Ова коло нема да заврши во понеделник како по обичај, туку последниот дуел е предвиден за недела навечер, а ќе го комплетираат Локомотива од Загреб и Осијек.

Резервните парови се Ајнтрахт Ф – Мајнц и Рапид Виена – Штурм, исходи кои ќе се сметаат во Генералниот пласман. Во Генералниот пласман во водство е Христијан Т. со 185 поени, што е 13 поени предност пред најблиските конкуренти Петре И. и Славе Б. Подарокот за шампионот е ТВ смарт од 48 инчи, а следните четворица најдоброрангирани ќе добијат многу поени за одличен шопинг во СЛ Маркетот на Sport Life.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести