Екипата на Арсенал по пауза од точно две децении ќе ја освои титулата во Премиер лигата, пресмета вештачка интелигенција која е развиена во Обединетото Кралство.
Суперкомпјутер процени дека Арсенал ќе ја освои титулата пред Ливерпул, и тоа благодарение на гол-разликата, додека актуелниот шампион Манчестер сити ќе заврши на третото место.
За потребите на анализата беа симулирани 100.000 натпревари од претсезоната и од минатата сезона, а беше користена и напредна статистика.
Според суперкомпјутерот, Арсенал по неделната победа од 6:0 над Вест хем, стана прв фаворит за титулата со 39,3 отсто шанси.
Ливерпул има 35,8 отсто шанси да го крене шампионскиот пехар, додека Манчестер сити има 24,8 отсто.
Интересно е што меѓу петте фаворити не се наоѓа Манчестер јунајтед, туку Астон вила и Тотенхем, кои имаат само 0,1 отсто шанси да дојдат до титулата.
По 24 кола, лидер на табелата е Ливерпул со 54 бода, два повеќе од Арсенал и Манчестер сити, но Граѓаните имаат и натпревар помалку.