Суперкомпјутер пресмета дека Реал Мадрид има помалку од еден отсто шанси да е првак во Лигата на шампионите

По комплетирањето на првите мечеви во четвртфиналето од Лигата на шампионите, суперкомпјутер пресмета какви се шансите на осумте екипи кои останаа во елитното натпреварување.

Ретко кој очекуваше дека Арсенал ќе избие на врвот на најголемите фаворити за титулата, но Топчиите по убедливата победа со 3:0 над Реал Мадрид, потврдија дека имаат квалитет да стигнат и до тронот.

Според суперкомпјутерот, Арсенал, кој никогаш досега не бил европски првак, сега има 27,8 отсто шанси да биде првак. Потоа следува Барселона со 25,9 отсто шанси да е првак, а потоа се и ПСЖ со 21,9 отсто шанси да е шампиони и Интер, кој има 19,8 отсто шанси за освојување на трофејот. Сите овие четири екипи победија во првите средби.

Од екипите кои загубија во првите средби, Баерн Минхен има три отсто шанси да е првак, а сите останати се со помалку од еден отсто. На Реал Мадрид му се даваат 0,9 отсто шанси, Астон вила има 0,8 отсто шанси, а Борусија Дортмунд е без никакви шанси, односно со НУЛА отсто шанси да е првак на Европа.

- Оглас -

Најнови вести