25.8 C
Skopje
среда, 6 август 2025

Суперкомпјутер пресмета какви се шансите на четирите полуфиналисти да стигнат до титулата во ЛШ

Манчестер сити против Реал Мадрид и градското дерби меѓу Интер и Милан се двата полуфинални дуели во Лигата на шампионите. Од овие четири клуба, единствено Манчестер сити никогаш не бил европски владетел, додека Реал Мадрид е рекордер по бројот на трофеи.

Милан е вториот најтрофеен клуб со седум титули, а Интер трипати бил на тронот, што значи дека во Милано дури 10 пати бил донесен највредниот трофејот во клупскиот фудбал.

Веднаш по дознавањето на двојките во полуфиналето, започнаа да се прават калкулации за тоа колкави се шансите на четирите полуфиналисти да стигнат до тронот. По едни пресметки, Манчестер сити е убедливо најголем фаворит за трофејот, иако тоа е клубот кој никогаш не бил најдобар.

На Граѓаните им се даваат дури 50,25 отсто шанси дека ќе бидат европски прваци. Зад нив е Реал Мадрид со 22,57 отсто, а потоа следуваат Интер со 14,65 отсто и Милан со 12,53 отсто шанси да бидат европски прваци.

Интересно е дека за полуфиналните пресметки, Манчестер сити има двојно поголеми шанси да го победи Реал. За победа на англискиот тим, во двомечот шансите се пресметуваат на 63 отсто, додека на Реал му се даваат 37 отсто.

На миланското дерби Интер е благ фаворит и има 55 отсто шанси да се најде во финалето, а 45 отсто има Милан во полуфиналната пресметка со градскиот ривал.

 

- Оглас -

Најнови вести