Помалку од еден месец останува до стартот на новото првенство во Премиер лигата, а веќе започнаа калкулациите кои екипи имаат најголеми шанси за освојување на трофејот. Суперкомпјутер направи предвидување за тоа каква би билa табелата на крајот од првенството кое уште не е ни започнато.
Предвидувањата се дека Манчестер сити повторно ќе доминира и ќе го одбранни тронот, а најблиску до него ќе биде Арсенал. Во Топ 4 треба да бидат и Ливерпул и Манчестер јунајтед.
Еве како би изгледала табелата на крајот од сезоната 2024/25 во Премиер лигата: Манчестер сити 94 бода, Арсенал 86, Ливерпул 80, Манчестер јунајтед 71, Челзи 67, Астон вила 65, Тотенхем 63, Вест хем 57, Њукасл 57, Брентфорд 57, Кристал палас 47, Борнмут 46, Евертон 42, Фулам 42, Брајтон 35, Лестер 34, Нотингам форест 32, Вулверхемптон 29 и последен ќе биде Ипсвич со 18 бодови.