Речиси традиционално, Англичаните со помош на суперкомпјутер прават пресметки за тоа како ќе изгледа табелата во Премиер лигата на крајот од сезоната.Во пресметките се гледа основната статистика, играчите како и повеќе други фактори.
Ако му се верува на суперкомпјутерот, прв на крајот од сезоната ќе заврши Ливерпул, што значи дека актуелниот шампион ќе го одбрани тронот. Повторно на втората позиција ќе биде Манчестер сити, а место во Лигата на шампионите ќе обезбедат и Челзи и Тотенхем.
Моментниот лидер Лестер ќе биде на петтото место, додека за Арсенал треба да биде загарантирано шестото место. Ако се гледаат пресметките, најлошо од сите треба да помине Манчестер јунајтед, затоа што се предвидува дека Црвените ѓаволи ќе завршат на осмото место на табелата, дури и зад Евертон.
Екипите кои треба да испаднат се Фулам, ВБА и Барнли, додека спасот на крајот ќе го најдат Шефилд јунајтед, Брајтон, Лидс и Њукасл.