Утрово започна Светското клушско првенство. Во првиот меч на турнирот, Интер Мајами на свој терен го пречека Ал Ахли, а на крајот немаше голови. Херој на овој меч беше голманот на Интер Мајами. Еден месец ќе трае турнирот, а ќе учествуваат вкупно 32 клубови од целиот свет.
Меѓу најатркативните учесници секако се Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер сити, Баерн Минхен, Бока јуниорс, Ривер плата, Палмеирас… Според калкулациите направени од суперкомпјутерот на ОПТА, најголеми шанси да стане светски клупски првак има Пари Сен Жермен (18,5 отсто). Веднаш зад Светците е Манчестер сити со 17,8 отсто шанси да биде првак, а потоа следуваат Баерн Минхен (12,8 отсто), Интер (12,3 отсто) и Реал Мадрид со 9,8 отсто шанси да биде новиот светски клупски првак.
Во Топ 10 фаворити за светски прваци, место има и за Челзи (8,5 отсто), потоа Борусија Дортмунд, Атлетико Мадрид, Јувентис и Бенфика.
Се очекува европските екипи да ја продолжат доминацијата. На 17 од последните 18 финалиња за Светски клупски првак победувал тим од Европа.