Суперкомпјутер пресмета кој ќе ја освои Лигата на шампионите

Останаа осум клубови да се борат за трофејот со големите уши, а првиот четвртфинален натпревар е закажан за вечерва. Аталанта или ПСЖ ќе бидат првиот патник во полуфиналето во Лигата на шампионите, додека во меѓувреме пресметано е кој тим има најголеми шанси да седне на европскиот трон.

Познатата веб-страница „Еуро клуб индекс“, која се занимава со анализи и статистики во фудбалот, врз основа на својата методологија пресмета кој ќе биде новиот шампион на Европа.

Најголеми шанси има Манчестер сити со 24%, а веднаш зад Граѓаните е германскиот првак Баерн Минхен со 21%. Потоа следуваат ПСЖ (18%), Барселона (17%) па Атлетико Мадрид со 13% шанси за освојување, а под 10 отсто имаат Лајпциг (4%),  Аталанта (2%) и Лион со 1%.

Од претходно слични калкулации се покажаа како точни во шест од осум осминафинални двомечи. Суперкомпјутерот погоди дека Атлетико Мадрид ќе го елиминира бранителот Ливерпул, како и дека Манчестер сити ќе излезе како победник против Реал Мадрид. Точни пресметки беа и Баерн Минхен и Лајпциг против лондонските Челзи и Тотенхем, како и Барселона против Наполи, односно ПСЖ против Б. Дортмунд.

Останува дали вие обложувачите ќе му верувате на суперкомпјутерот и ќе се обложите на Манчестер сити како победник за оваа сезона. Тимот на Пеп Гвардиола е фаворит, според коефициентите во Sport Life за освојување на ЛШ квотата е 3.25 на Сити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести