Суперкомпјутер пресмета колкави се шансите Македонија да стане европски првак

Македонската фудбалска репрезентација ги прави последните подготови пред стартот на Европското првенство, кое ќе биде прво големо натпреварување за нашата селекција. Како земја дебитант и репрезентација која преку Лигата на нации влезе на завршницата, Македонија е сместена меѓу аутсајдерите на елитниот собир.

Првенството ќе се игра во 11 градови во повеќе европски земји, а ќе биде од 11 јуни до 11 јули. На „Вембли“ ќе биде познат новиот европски првак, а веќе се истакнуваат неколку селекции како главни фаворити за играње во финалето. Обложувалниците најголеми шанси даваат на Белгија, Германија, Франција, Англија, Шпанија, Италија, Холандија и Португалија, но по направен аглоритам, суперкомпјутер сепак истакна еден голем фаворит.

Според пресметките на алгоритамот, најголеми шанси за освојување на златото на Европското првенство ѝ се даваат на Франција. Актуелниот светски владетел има 20,5 отсто шанси дека ќе биде и континентален шампион. Ако тоа се случи, Галските петли ќе бидат само четвртата селекција која успеала да ги обедини титулите светски и европски првак.

Втор фаворит за титулата на ЕП 2020 е Белгија, репрезентацијата која нема злато на големи натпреварувања. Талентираната генерација на Белгија е со 15,7 отсто шанси дека ќе го крене трофејот по финалето на „Вембли“ следниот месец.

Зад Белгија, следуваат Шпанија со 11,3 отсто шанси за европски првак и Германија со 9,8 отсто. Англичаните се дури деветти на оваа листа на алгоритамот со 5,2 отсто шанси за европски првак. На Хрватска ѝ и се дава само еден отсто дека може да биде првак, додека селекциите со најмали шанси се Словачка со 0,04 отсто и нашата Македонија со само 0,02 отсто шанси дека може да бидеме европски прваци.

 

- Оглас -

Најнови вести