Суперкомпјутерот на реномираната аналитичка компанија „Опта“ го даде своето предвидување за големото финале во Лигата на шампионите меѓу Пари Сен Жермен и Интер. Според анализата, францускиот шампион има блага предност со 53,6% шанси за освојување на најпрестижниот европски клупски трофеј, додека шансите на Интер се проценети на 46,4%.
ПСЖ се избори за пласман во финалето откако го елиминира Арсенал во полуфиналето со вкупен резултат од 3-1. Тимот на Луис Енрике одигра одличен двомеч и ја потврди амбицијата конечно да стигне до толку посакуваниот трофеј кој му недостига во клупските витрини.
Интер, од друга страна, одигра спектакуларен двомеч против Барселона. По драматично реми од 3-3 во првиот натпревар, Нераѕурите го совладаа каталонскиот гигант со 4-3 во реваншот, покажувајќи неверојатен карактер и напаѓачки потенцијал.
Финалето на Лигата на шампионите ќе се одигра на 31 мај на „Алијанц aрената“ во Минхен.