Суперкомпјутерот го откри најголемиот фаворит за трофејот на Европското првенство

Фудбалската репрезентација на Англија е прв фаворит за освојување на Европското првенство, објави спортската аналитичка компанија „Опта“.

Суперкомпјутерот на „Опта“ прогнозираше дека од 24-те селекции учеснички, Англија е прв фаворит и има 19,9 отсто шанси да го освои трофејот, 31,1% за пласман во финалето, 48,2 отсто за полуфинале и 70% да биде дел од четвртфиналето.

Втор фаворит е Франција со 19,1 отсто веројатност за освојување на титулата и 30,4 отсто за пласман во финалето.

Шанси за пехарот има и домашната селекција на Германија, но во проценти изразено околу 12,4 отсто, потоа следуваат Шпанија (9,6%), Португалија (9,2%), Холандија (5,1%), а актуелниот европски првак Италија е седми фаворит на турнирот со пет отсто шанси за одбрана на титулата.

Србија има еден процент шанса да победи на Европското првенство кое ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули во Германија.

Според овие пресметки на „Опта“, Србија има 3,5 отсто шанси да се пласира во финалето, 9,2 отсто да се пласира во полуфиналето и 23 отсто да се пласира во четвртфиналето.

Србија е во група со Англија, Данска и Словенија.

Според податоците на „Опта“, најмали шанси за освојување на трофејот има Грузија со 0,1 отсто, потоа Албанија (0,2%), Словачка (0,3%), Словенија (0,4%) и Романија (0,5%).

- Оглас -

Најнови вести