Првите четвртфинални мечеви од Лигата на шампионите донесоа и очекувани и неочекувани резултати, а компјутерски се направени 10.000 симулации, според кои сега прв фаворит за освојување на трофејот е Арсенал.
На Арсенал му се даваат 27 отсто шанси, на Барселона 24, на ПСЖ 23, а на Интер 20. Останатите четири тима се речиси отпишани. Најверојатно финале е Барселона – Арсенал (25 проценти), па Барса – ПСЖ и Интер – Арсенал со по 22 проценти, додека за Интер – ПСЖ шансите се 18 проценти.