Суперкомпјутерот му дава огромни шанси на Арсенал во трката за титулата

Битката за шампионската титула во Премиер лигата се разгоре, а суперкомпјутерот даде јасна прогноза за конечниот победник.

Изминатиот викенд донесе значајни пресврти во трката за титулата меѓу Арсенал и Манчестер сити, барем теоретски. Разликата меѓу двата тима се намали на шест бода, при што Граѓаните имаат и натпревар помалку.

Овој развој следуваше по поразот на тимот на Микел Артета од Борнмут со 1-2, како и убедливата победа на Сити од 0-3 над Челзи на „Стемфорд бриџ“.

И покрај намалувањето на разликата, суперкомпјутерот и натаму го смета Арсенал за неприкосновен фаворит. Поточно, Топчиите имаат импресивни 91,5% шанси за освојување на титулата, додека за тимот од Манчестер остануваат само 8,5%.

Според истата анализа, се очекува Арсенал да ја заврши сезоната со 83 бода, додека Манчестер сити се прогнозира да заврши со 77.

- Оглас -

Најнови вести