Вчерашната ждрепка во Нион ги даде последните непознаници за тоа кој со кого треба да игра и каков ќе му биде патот во походот кон освојување на титулата во Лигата на шампиони. Во четвртфиналето ќе играат: Манчестер сити – Атлетико Мадрид, Бенфика – Ливерпул, Баерн Минхен – Вилјареал и Челзи – Реал Мадрид, а по ждрепката веднаш почнаа анализи за тоа кој тим какви шанси има да стигне до фудбалскиот европски трон.
По направената компјутерска анализа и пресметка, Манчестер сити има најголеми шанси да стигне до титулата, а во проценти тоа се 28. Потоа следува Ливерпул со 26 отсто шанси да стане шампион, а потоа следува Баерн Минхен со 25 отсто шанси да биде првак на Европа.
Останатите пет клубови се со помалку од 10 отсто шанси да бидат прваци. Следува актуелниот европски првак Челзи со 9 отсто, потоа најтрофејниот клуб во ЛШ Реал Мадрид со само 7 отсто, додека на Вилјареал и Атлетико Мадрид им се даваат само два отсто шанси да бидат прваци. На дното е Бенфика со само 1 отсто шанси да стигне до третата европска круна.