Ливерпул има малку повеќе од две третини шанси да ја освои титулата во англиската Премиер лига сезонава, пресмета Суперкомпјутерот на компанијата за статистика „Опта“.
Црвените во моментов, по 12 одиграни кола, имаат 8 бода предност во однос на второпласираниот Манчестер сити и девет бода пред Арсенал, Челзи и Брајтон.
Во следното коло претстојниот викенд, Ливерпул му е домаќин на Сити и со евентуална победа би можело на актуелниот првак да му побегне и на огромни 11 бода разлика.
Статистиката покажува дека тим кој бил лидер во Премиер лигата по 12 одиграни натпревари како сега и неговата предност изнесувала осум или повеќе бодови, тој тим секогаш станувал и шампион на Англија. Рекордниот минус кој го има надоместено премиерлигашки тим во шампионска сезона е 13 бода, кога Арсенал заостануваше толку зад Манчестер јунајтед во 1997/98 со меч помалку, но успеа да направи невиден пресврт и да стане шампион на крај.
Според квотите во Sport Life кои се валидни во моментов, прв фаворит за првак е Ливерпул, а втор е Арсенал, додека Сити, кој беше прв кандидат пред почетокот на сезоната, сега е трети.