3.8 C
Skopje
понеделник, 22 декември 2025

Суперкомпјутерот пресметка дека првак ќе биде селекција која разочара во групната фаза

Од денеска започнува нокаут фазата на Европското првенство, а вкупно 16 репрезентации остануваат во трка за трофејот. Суперкомпјутерот на статистичката платформа Опта направи нови пресметки во пресрет на осминафиналните дуели, кои откриваат кои се фаворитите за пласман во четвртфиналето.

Според проценките и пресметките, најголеми шанси за место во четвртфиналето имаат Шпанија, Англија, Португалија и Германија, а најамалу шанси имаат Грузија, Словачка, Словенија и Данска.

Според пресметките на Суперкомпјутерот шанси за пласман во четвртфиналето:

Шпанија – Грузија 82,1 отсто – 17,9%

Англија – Словачка 81,6% – 18;4%

Португалија – Словенија 74,5% – 25,5%

Германија – Данска 69,5% – 30,5%

Франција – Белгија 67,9% – 32,1 %

Холандија – Романија 67,8 % – 32,2 %

Австрија – Турција 57,6 % – 42,4 %

Италија – Швацарија 56,7 % – 43,3 %

Англија иако беше едно од најголемите разочарувања во групната фаза, според пресметките, Гордиот Албион има најголеми шанси да стигне до трофејот. Дури 38,1 отсто шанси се дава Англија да влезе во финалето, а 20 отсто се шансите да станат прваци. Зад Англија следуваат Шпанија со 27,1 отсто шанси за влез во финалето, а 17,2 отсто шанси да го освојат трофејот.

- Оглас -

Најнови вести