14.8 C
Skopje
сабота, 11 октомври 2025

Суперкомпјутерот уште не верува дека Македонија ќе биде прва, ни дава само 6,8% шанси!

Големиот бод од гостувањето кај Белгија, не ги подобри значително шансите на македонската репрезентација да го освои првото место во квалификациската група и директно да се пласира на СП 2026.

Симулациите на „ФМД“ покажуваат дека Македонија на крајот на квалификациите ќе биде трета, иако во моментов е првопласирана во групата. Ни се даваат 67,8 отсто шанси да бидеме трети, а само 6,8 проценти дека директно ќе одиме на СП. Шансите за втора позиција ни се 25,3 отсто.

Сето ова може да се смени в понеделник вечер, ако Македонија го победи Казахстан в Скопје, без разлика што ќе се случува во Кардиф на дуелот на Велс и Белгија.

Математиката вели дека нашата репрезентација дури и со две победи до крајот, со Казахстан дома и Велс на гости, може да остане без првото место, затоа што во моментов Белгија има бод помалку од нас, но и еден меч помалку.

Во моментов пресметките се такви што на нашиот национален тим му се даваат речиси 100 проценти шанси да влезе во бараж за СП и тоа преку Лигата на нации. Таму би биле во последниот четврти шешир, и како што стојат работите би играле полуфинале со Италија или Турција и тоа на гости.

- Оглас -

Најнови вести