Во исчекување на осумте групи од Лигата на шампионите, некои се осмелија дури да калкулираат и да пресметуваат кој ќе биде новиот европски првак. Суперкомпјутер направил калкулација според која нов европски првак ќе биде Реал Мадрид.
Во пресметките на компјутерот биле вклучени разни елементи и статистики, а на крајот бил даден резултат дека шампионскиот трофеј ќе заврши на „Сантијаго Бернабеу“. Во финалето, Реал Мадрид треба да го победи Баерн Минхен со 3:2, откако претходно во полуфиналето Кралевите ќе ја елиминираат Барселона.
Од другата страна на „костурот“, Баерн до финалето ќе стигне со елиминации на Атлетико Мадрид, ПСЖ и Јувентус.