Вулверхемптон – Манчестер сити (13.30 часот)
Ротациите во претсезоната се нормални, но тоа не значи дека екипите не сакаат да победат на денешниот меч кој е финале на таканаречениот премиерлигашки Трофеј Азија. Сити и на турнирот во Шангај ќе сака да покаже сила. „Волците“ со 4-0 го разбија Њукасл, но „граѓаните“ се друго ниво. Ефикасноста на двата тима најавува голеада, а нивниот последен лигашки меѓусебен дуел заврши 3-0 за Манчестер сити.
Предлог тип: 1+I & 3+ (1.65)
Црвена ѕвезда – Јавор Ивањица (20.00 часот)
Гостите нема што да бараат во дуелот со српскиот првак, кој пред неколку дена се пласираше во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Целта на Јавор ќе биде да даде што е можно посилен отпор и да не биде декласиран. Од „црвено-белите“ и нивниот пристап ќе зависи со колку гола разлика ќе победат. Ѕвезда има осум победи по ред во дуелите со Јавор.
Предлог тип: 1 & 2-4 (1.95)
Генк – Мехелен (20.30 часот)
Ова е дуел од белгискиот Суперкуп. Според квотата на денот на Sport Life, првакот нема да ја пропушти приликата да го освои и овој трофеј. И според резултатите во подготвителниот период, Генк е доминантен и ефикасен, а Мехелен најчесто ремизираше. Но, Генк во 2015 година последен пат победил против Мехелен со повеќе од еден гол разлика.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.15)
Арсенал – Фиорентина (23.59 часот)
Мечот ќе биде добра проверка и тренерите да имаат увид во моментните можности на своите тимови. Сигурно е дека шанса ќе добијат некои од помладите, составите ќе се мешаат, ќе има многу измени, и тешко е да се одреди фаворит, иако гледано на хартија, Арсенал би требало да победи, особено ако во нападот ги има Обамејанг и Лаказет. Традицијата најавува слаба ефикасност.
Предлог тип: 1 (1.75)
Ростов – Спартак Москва (20.30 часот)
Спартак се мачеше во првото коло од руската лига и дури во 93-та минутра даде гол за победа против новакот Дочи, а Ростов со 2-1 го совлада Оренбург. Ростов ги победи московјани на пријателски меч во јуни со 2-0, во април беше 2-1 за Ростов, па затоа гостите стравуваат пред оваа средба. Неизвесноста е загарантирана.
Предлог тип: Х2 & ГГ (2.88)