28.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Суперкупот во Гевгелија може да покаже во кој правец ќе тече сезонава во домашниот ракомет

Вечерва, со почеток во 19 часот, во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија ќе се одигра ракометниот машки Суперкуп натпревар помеѓу Еурофарм Пелистер и Алкалоид, со што ќе стартува новата сезона во домашниот ракомет.

Битолчани како шампиони за минатата сезона и учесници во Лигата на шампионите се фаворити на хартија против освојувачот на Купот на Македонија, Алкалоид, но и Фармацевтите си имаат свои сметки и гледаат шанса за освојување на нов трофеј, како што изненадија во Купот.

Натпреварот ќе биде емитуван во живо на програмата на МРТВ, а пренос може да се гледа и на Јутјуб на следниот ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести