Суперлигашите ја игнорираат источна Европа, заборавија многу трофејни клубови

Ако се формира новата Суперлига на клубовите богаташи, македонските љубители на фудбалот би биле ускратени од можноста да гледаат елитен фудбал во нашата земја или во непосредна околина. Во Суперлигата се планира да играат тимови само од западниот дел на Европа игнорирајќи го фактот дека и на Истокот има богати клубови.

Ако досега имавме прилика да гледаме мечеви од ЛШ во Софија, Белград, Солун, Загреб, во иднина со затворена Суперлига, тоа нема да биде можно. Најблиску до Македонија од градовите во кои ќе играат најбогатите е Милано.

Во Русија, Украина, Турција, Грција има клубови кои се блиску до европскиот врв, а од источниот дел на Европа има два европски прваци, Стеауа и Црвена ѕвезда. Веќе 30 години доминираат западните клубови, но Суперлигата заборави и многу големи клубови од Западот.

Порто и Бенфика заедно имаат четири европски титули. Ајакс е уште потрофеен, со огромна традиција е и Селтик. Затоа и намерата на најбогатите да формираат своја Суперлига во која би заработувале многу повеќе пари отколку сега има големи број противници.

- Оглас -

Најнови вести