Повторно е актуелна Суперлигата на Европа, проект што неодамна пропадна за само 48 часа, откако беше најавена од богатите клубови во Европа на чело со Реал Мадрид, Барселона, Јувентус, Манчестер јунајтед, Ливерпул и уште неколку познати екипи од најдобрите фудбалски лиги на Стариот континент.
Сега идејата е оживеана повторно, а се сменува името и треба да се формира Лига на Европската Унија.
Повторно би играле само најбогатите клубови во Европа, иако декларативно е најавено дека е отворена за сите, а би стартувала во 2024 година.
Заговорници на новиот проект пак се Реал, Барса и Јуве, екипи кои играа меѓусебе, или ќе играат на американскиот контниент.
Планот е да има две лиги со по 14-16 клубови по теркот на НБА лигата, а би се играл плејоф за титулата.
Се уште не се знае кои екипи би играле, а интересно е што и годината, 2024 за старт на ова натпреварување се поклопува со стартот на сезоната во која УЕФА најави промени во форматот на Лигата на шампионите со многу побогат фонд на награди за клубовите.