Суперталентот на Барселона го напушти теренот без да биде заменет, Чави ги објасни причините

Фудбалерите на Барселона забележаа тешка победа од 0-1 на гостувањето кај Порто во Лигата на шампионите. Чудна ситуација се случи во 73-тата минута, кога суперталентот на Каталонците, Ламине Јамал, неочекувано истрча надвор од теренот и не се врати во игра. Чави Ернандес реагираше дури 10 минути подоцна и во игра го внесе Маркос Алонсо.

„Ламине се чувствуваше лошо. И пред натпреварот ми кажа дека не е добар. Го болеше желудникот. Го искористивме прекинот за да оди во тоалет, но не можеше да продолжи да игра“, вели тренерот на Барселона.

 

- Оглас -

Најнови вести