Супертимот на Бруклин потфрли во мајсторката, Елените ќе играат финале на Истокот (видео)

Проектот на Бруклин нетс со кој се напаѓаше шампионски прстен пропадна во првата сезона, откако ноќеска Мрежичките на домашен терен ја загубија мајсторката против Милвоки бакс со 111:115, по што Елените се први финалисти во Источната конференција.

Големата тројка на Бруклин создадена од трите ѕвезди Дурант, Харден и Ирвинг, не успеа во намерата да го одведе тимот до посакуваното конференциско финале, па и во самата битка за титулата. Јанис Адетокумбо и дружината го имаа рецептот за да се спречат врвните кошаркари, а имаа помош во тоа што Ирвинг го пропушти и овој меч поради повреда.

Првпат од 2008 година се случува во мајсторка двајца играчи да постигнат по 40+ поени. Дурант заврши со неверојатни 48 поени, постигнувајќи го и кошот за израмнување во последната секунда со кој го одведе мечот во продолженија. Адетокумбо пак оствари дабл дабл од 40 поени и 13 скока.

Нетси постигнаа само два поени во петте минути дополнително време неможејќи да ја пробијат одбраната на Милвоки, па сега Елените го чекаат подобриот од серијата меѓу Атланта и Филаделфија, која ќе се реши ноќеска во мајсторка.

https://www.youtube.com/watch?v=RY8H8WL–h0

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести