Украина е нов светски првак во фудбал за играчи до 20 години, откако во денешното финале во Лоѓ, младите Украинци ја победија Јужна Кореја со 3-1. Украинските младинци на шампионатот во Полска, ги совладаа сите ривали, освен Нигерија со која одиграа нерешено, и заслужено се најдоа на највисокото место на пиедесталот.
За Украинците, ова беше прво финале и прва титула, додека поразената Јужна Кореја истотака првпат беше во финале и првпат дојде до медал.
Селекцијата на Јужна Кореја поведе во 5 минута од пенал, кој го реализираше Кангин Ли.
Владислав Суприхаја беше јунак на финалето со два гола во 34-та и 53-та минута, а точка стави Ѓорѓи Цитаишвили со гол во самиот финиш, потоно во 80 минута.