Сурова е казната за Ди Марија, нема да игра против Милан

Анхел ди Марија е казнет со два меча пауза за црвениот картон што го доби на мечот со Монца, а тоа значи дека нема да може да игра за Јувентус во големото дерби со шампионот Милан.

Ди Марија реагираше неспортски во 40-тата минута на дуелот со Монца и со лакт го удри Ицо во пределот на градите и веднаш беше исклучен.

Стартот е оквалификуван како намерен и затоа е и казната од два меча неиграње во Серија А за Аргентинецот.

Јувентус го загуби Ди Марија, а потоа и мечот со Монца, а новото засилување нема да игра против Болоња во следното коло на 2 октомври во Торино и потоа на 8 октомври на „Сан Сиро“ во Милано, против Милан.

 

 

- Оглас -

Најнови вести